Блог — мрежно место на кое се објавуваат датумски определени објави со редовен ритам и се прикажани во обратен хронолошки редослед (најновиот најгоре). Работењето со блог се нарекува блогирање или разговорно, „блогерај“. Блоговите обично се дело на еден поединец, а повремено и на една мала група и често се тематските определени на еден предмет. Блог, исто така, може да се користи како глагол, што значи да се задржи или да додадете содржина на блог.
Појавата и растот на блогови во доцните 1990-ти се совпадна со доаѓањето на семрежни алатки за издавање кои го олеснија објавувањето на содржини од страна на нетехнички корисници.
Иако не е задолжително, повеќето добри и квалитетни блогови се интерактивни дозволувајќи им на посетителите да остават коментари а со тоа ја добиваат интерактивноста што ги разликува од други статички мрежни места. Во таа смисла, на блогирањето може да се гледа како форма на социално вмрежување. Всушност, блогерите не само што произведуваат содржина која ја објавуваат на нивните блогови, туку исто така имаат изградени социјални односи со своите читатели и други блогери.
Многу блогови овозможуваат коментирање на одредена тема, а други функционираат повеќе како лични онлајн дневнициа. Типичен блог комбинира текст, слики и линкови до други блогови, некоја веб страница и други медиуми во врска со темата која е претставена. Способноста на читателите за оставање на коментари во интерактивен формат е важен дел на многу блогови. Повеќето блогови се главно текстуални, иако некои се фокусираат на уметноста, фотографии , видео, музика, и аудио.
Постојат повеќе од 156 милиони јавни блогови.
No comments:
Post a Comment