Saturday, April 28, 2018

Екологија- Загадување на водите

 ♻️-Екологија-♻️  

          -Екологијата е  дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната зредина.
         -Екологијата е интердисциплинарна област која во себе ја вклучува биологијата и науката за Земјата. Терминот “екологија” за прв пат е воведен во 1866 година од германскиот научник Ернст Хекел (1834г. - 1919г.). Старите грчки филозофи како Хипократ и Аристотел ги поставиле темелите на екологијата како дисциплина во нивните истражувања за историјата на природата. Кон крајот на 19-тиот век екологијата преминува во сериозна научна дисциплина. 
         -Екологијата е исто така и наука за човекот. Практичната примена на екологијата е во заштита и зачувување, управувањето со водите и водните станишта, управувањето со природните ресурси (агроекологијаземјоделствошумарствоагрошумарстворибарство), просторно планирање (урбана екологија), здравствотоекономијата, основната и применетата наука и социјалната комуникација на луѓето (антропогена екологија).




💧-Загадување на водите-💧
         -Загадувањето на водите опфаќа внес на различни загадувачи во реките, езерата и подземните води, но и во морињата и океаните. Тоа се случува при директен или индиректен внес на загадувачите во водата во отсуство на соодветни мерки за прочистување и исфрлање на штетни материи.
         -Во повеќето случаи, загадувањето на слатките води е невидливо бидејќи загадувачите се растворени во водата. Но постојат и исклучоци: пенестите детергенти, но и нафтените производи кои пливаат на површината и неисчистените водотеци (речни корита, канали).
        -Постојат неколку природни загадувачи. Соединенијата на алуминиум кои се наоѓаат во земјата достигнуваат во системот на слатки води како резултат на хемиски реакции. Поплавите ги впиваат од ливадските почви соединенијата на магнезиумот, кои нанесуваат големи штети на рибните популации. Но, количеството на природни загадувачки материи е ништожно во однос на материите создадени од страна на човекот. Секоја година во водните басени се внесуваат илјадници хемиски материи со непредвидливо дејство, од кои повеќето се нови хемиски соединенија (ксенобиотици). Во водата може да се откријат зголемени концентрации на токсични тешки метали (како кадмиумживаоловохром), пестицидинитрати и фосфати, нафтени производи, површински-активни супстанци (ПАС). 
        -Како што е познато, секоја година во морињата и океаните се внесуваат до 12 милиони тони нафта. Одреден удел во зголемувањето на концентрациите на тешките метали во водата имаат и киселите дождови. Тие се способни да ги растворат минералите во почвата, што доведува до зголемување на содржината на јони од тешки метали во водата. Со нуклеарните централи во водниот циклус се вмешува и радиоактивниот отпад
       - Испуштањето на непрочистени отпадни води од домаќинствата доведува до микробиолошко загадување на водата. Според проценките на СЗО, 80% од заболувањата во светот се причинети од несоодветен квалитет и антисанитарната состојба на водата. Во селските области, проблемот со квалитетот на водите е особено голем — околу 90% од сите селски жители во светот постојано употребуваат нечиста вода за пиење и капење.

                                       ♻️НЕ ЈА ЗАГАДУВАЈ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА!!!! 

Sunday, April 22, 2018

Блог

Блог —  мрежно место на кое се објавуваат датумски определени објави со редовен ритам и се прикажани во обратен хронолошки редослед (најновиот најгоре). Работењето со блог се нарекува блогирање или разговорно, „блогерај“. Блоговите обично се дело на еден поединец, а повремено и на една мала група и често се тематските определени на еден предмет. Блог, исто така, може да се користи како глагол, што значи да се задржи или да додадете содржина на блог.
Појавата и растот на блогови во доцните 1990-ти се совпадна со доаѓањето на семрежни алатки за издавање кои го олеснија објавувањето на содржини од страна на нетехнички корисници. 
Иако не е задолжително, повеќето добри и квалитетни блогови се интерактивни дозволувајќи им на посетителите да остават коментари а со тоа ја добиваат интерактивноста што ги разликува од други статички мрежни места. Во таа смисла, на блогирањето може да се гледа како форма на  социално вмрежување. Всушност, блогерите не само што произведуваат содржина која ја објавуваат на нивните блогови, туку исто така имаат изградени социјални односи со своите читатели и други блогери.

Многу блогови овозможуваат коментирање на одредена тема, а други функционираат повеќе како лични онлајн дневнициа. Типичен блог комбинира текст, слики и линкови до други блогови, некоја веб страница и други медиуми во врска со темата која е претставена. Способноста на читателите за оставање на коментари во интерактивен формат е важен дел на многу блогови. Повеќето блогови се главно текстуални, иако некои се фокусираат на уметноста, фотографии , видео, музика, и аудио.
Постојат повеќе од 156 милиони јавни блогови.

Информатика

ИНФОРМАТИКА

            -Информатиката како наука се појавува со појавата на системите за автоматска обработка на податоци. Таа за основа ја има математикатаелектроникатафизиката и некои инженерски науки.
            -Луѓето со векови се обидувале да го олеснат и да го забрзаат решавањето на математичките проблеми. Тие одамна согледале дека со помош на математички операции може да се решат многу различни проблеми, доколку на располагање се има машина, која ќе биде во можност да извршува голем број на математички операции во единица време. Во IX век се појавиле многу нови теории од областа на математиката и физиката кои не можеле да бидат проверени, поради потребата од извршување на голем број математички операции, кои е невозможно да се извршат без употреба на машина која автоматски би ги пресметувала. Со појавата на компјутерите е забрзан технолошкиот и информативниот развој нацивилизацијата. За разлика од многу пронајдоци за кои се знае кога и како се измислени, за компјутерите тешко може да се рече дека нивни пронаоѓач е една личност.


 

Екологија- Загадување на водите

  ♻️ -Екологија-♻️             -Екологијата  е  дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со ж...